Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тинејџер од Брест усмрти пешак во Скопје

Тинејџер од Брест усмрти пешак во Скопје

Вчера во 20.15 часот  било пријавено дека пола час претходно тинејџер од село Брест со голф 5 усмртил пешак на крстосницата од улиците „Кемал Сејфула“, „Александар Урдаревски“ и „Босна и Херцеговина“ во Скопје.

И.Ј.(18) со возилото со скопски регистарски таблички удрило во пешакот Ш.Р.(71) од Скопје.

На местото на несреќата пешакот им подлегнал на повредите, а лекар од Итна медицинска помош  констатирал смрт, додека возачот И.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.


Слично

Поврзани вести