Тинејџер му удрил тупаница на матичен лекар
Матичен лекар од амбуланта од Шуто Оризари бил физички нападнат од негов пациент на кого не му се чекало ред за преглед. во напад кој се случил во средата попладне.
Тинејџерот, инаку 19-годишен, ја оставил здравстевената книшка на шалтерот кај сестрата, а потоа без да чека ред влегол во ординацијата. Докторот го прекорил момчето за однесувањето, а тој веднаш му се нафрлил и го удрил со тупаница во пределот на окото. Поради тензијата вработените бргу го повикале обезбедувањето.
Во амбулантата во меѓувреме дошле и родителите на момчето, а за настанот била известена и скопската полиција.
Слично
