Тимот за преговори со ЕУ е формиран, има место и за опозицијата
Владата ја кани опозицијата да биде дел од преговорите со Европската Унија.
Македонија го формираше тимот за преговори со ЕУ.
На вчерашната седница е утврдена преговарачката структура која ќе ја водат 7 тела со различни ингеренции.
Македонија не очекува Грција, да го попречи добивањето на датум од ЕУ, во октомври, за старт на преговори со земјава. Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, смета дека од датумот во октомври не дели само техничката процедура во Будестагот. Но, додека не се донесе формална одлука за датум, вели, ништо не е завршено.
„До тогаш треба да работиме со сите земји-членки. Одлуката во октомври се разгледува од почеток и секоја земја-членка треба да гласа позитивно за да ја добиеме одлуката. Така што наша намера е овој период, и во јули и во август, да бараме состаноци, средби, со земјите-членки. Ќе работиме со секоја од земјите-членки, од најголемите поддржувачи до најголемите скептици“, вели Османи.
До октомври пак Македонија ќе ги формира преговарачките тимови од преговарачката структура која вчера ја утврди Владата. Во неа ќе има место и за граѓанскиот сектор, Собранието, но и за опозицијата.
