Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тимот на Охридска банка Сосиете Женерал трчаше на Скопскиот маратон за поддршка на членовите на Здружението на слепи лица

Тимот на Охридска банка Сосиете Женерал трчаше на Скопскиот маратон за поддршка на членовите на Здружението на слепи лица

Тимот на Охридска банка Сосиете Женерал и оваа година учествуваше на Скопскиот Wizz Air маратон, што се одржа на 7 мај, 2017 година. Вработените трчаа со голема мотивација да ја завршат трката, затоа што за секој истрчан километар на маратонците се донираа по 550 денари за членовите на Здружението на слепи лица. Износот на вкупната донација изнесува 100.000 денари. 

Средствата од донацијата ќе се искористат за едукативни материјали, разни специфични тифлотехнички помагала и други компензациони помагала неопходни за зголемување на независнота на слепите лица во секојдневниот живот. Преку обезбедување пристап и достапност до информации и комуникации ќе се придонесе кон развојот на духовната и физичката култура на членовите на Здружението на слепи лица и секако подобрување на нивниот квалитет на живот.

„Оваа хуманитрна трка освен лична сатисфакција, претставува и предизвик за хуманост. Нашите вработени и овој пат покажаа дека се подготвени да одговорат на предизвици и надвор од нивните секојдневни работни обврски. Охридска банка Сосиете Женерал како општествено одговорна компанија ја покажа својата посветеност кон општестото со обрнување внимание на слепите лица како социјална структура на која ѝ е потребна поддршка за вршење на основните дневни активности.“ - изјави Елена Глигоровска, Раководител на Дирекцијата за корисничко искуство, маркетинг и комуникации.

Воедно, оваа трка претставува дел од програмата „Време за општествена одговорност“ на Охридска банка Сосиете Женерал како дел од интернационалната програма на групацијата Сосиете Женерал, во која вработените доброволно го минуваат своето време во спортски, едукативни и хуманитарни активности.

Минатата година, тимот на Охридска банка Сосиете Женерал донираше средства за мечувалскиот клуб „Ескрим“, поточно за групата мали мечувалци со Даунов синдром која веќе неколку години успешно функционира во рамките на клубот. Донацијата обезбеди подобри услови за тренирање, потребна опрема и квалификуван персонал.

Охридска банка Сосиете Женерал останува посветена на своите заложби да дејствува како одговорен корпоративен граѓанин кој постојано придонесува во заедницата во која работи, а со тоа и да претставува пример за добри општествени практики.


Слично

Поврзани вести