Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тимот на Катица Јанева го разочара Оливер Спасовски

Тимот на Катица Јанева го разочара Оливер Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски има помала доверба во СЈО, делумно и поради бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски. 

Довербата на Спасовски во Специјалното јавно обвинителство е помала, во однос на таа што ја имал кога се борел оваа инстутуција да биде формирана.

За бегството на Груевски не изнесува информации, нагласувајќи дека МВР постапило според своите надлежности и повтори дека не може да дејствува доколку против некое лице не е распишана национална, ниту меѓународна потерница.

Министерот денеска на брифингот со новинари вели дека за тој случај има многу отворени прашања, за кои ќе дојде времето кога ќе треба да бидат затворени.

Тој лично не е задоволен од последните одлуки за укинување на мерките притвор, но наведува дека МВР има надлежности пропишани со закон од кои не смее да излегува, без разлика дали се согласува или не се согласува.

МВР откако ќе биде донесена одлука за укинување мерка притвор и нејзино преиначување во мерка домашен притвор, единствено е надлежно за обезбедување на објектот во кое престојува лицето, појасни тој. 

Апелацискиот суд Скопје денеска информираше дека мерката притвор се укинува и против обвинетите Ненад Јосифови, Кирил Божиновски, Зорица Арсовска и Миле Јанакиевски од Скопје. Одредена им е мерка куќен притвор. Вчера притворот е укинат за Јордан Камчев и Цветан Панделевски, осомничени во предметот „Империја“ на СЈО. Двајцата заминаа во домашен притвор.

Слично

Поврзани вести