Тимот на Јанева чека преводи - на кои се јазици има разговори во „бомбите“?
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 синоќа изјави дека 90% од разговорите се преслушани, а останатите разговори се испратени кај преведувачи со безбедносен сертификат.
Тие ги очекуваат преводите, по што ќе ги анализираат.
„Од вкупно 606.550 илјади аудио фајлови, ние до 15 септември преслушани се 545.900 илјади фајлови, што значи околу 90%. Останатите разговори се на други јазици и се дадени на преведување. Се надеваме дека во најбрз можен рок ќе ни бидат вратени на македонски јазик, за да може да ги анализираме. Најповеќе е застапен англискиот јазик, но има и на грчки, руски, српски, албански“- изјави Јанева.
СЈО отвори шест нови истраги за злоупотреба на државни пари од функционери на претходната власт.
