Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тимоние со пофалби за Заев кој го потсетува на градителите на Европа

Тимоние со пофалби за Заев кој го потсетува на градителите на Европа

Амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние, упати големи пофалби на адреса на премиерот Зоран Заев за време на конференцијата за евроатлански интеграции, со тоа што порача и дека Република Македонија целосно заслужува да биде дел од европското семејство, но потребно е време и трпение, како и целосно спроведување на неопходните реформи. 

-Не велам дека европските интеграции се под закана, но треба да ги учиме лекциите од историјата. Мислев на господинот Заев и си велев дека навистина во себе го поседува целокупните карактеристики како и градителите на Европа, ја има силата, убедувањата и оптимизмот. Но и ние имаме работа. Стигнавме до некои ограничувања, кои се покажаа пред се со финансиската криза, ни престои голема работа особено во делот на одлуките што треба да ги донесеме. Франција знае дека не ќе успее без другите. Бараме од нашите пријатели малку трпение за да можеме да ве пречекаме во куќа која е стабилна и во која ќе имате заслужено место – рече Тимоние.

„Кога царството се шири се губи неговата ефикасност“, порача Тимоние додавајќи дека оптимизмот не треба да се изгуби.

-Мислам дека треба да им се даде голем кредит на властите за сето она што го направија. Но треба и трпение, се наоѓаме во свет кој се реорганизира. Да бидеме членка – да, но во што? Очекуваме многу од вас. Има многу работа кај вас иако во една година многу постигнавте, но претстои уште многу работа во културата за компросми, која може не е силна точка во оваа земја. Претстои работа за помирување која треба да се спроведе меѓу различните политички сили и различните заедници. Тоа е дел од европскиот и безбедносниот проект. Важно е да се има на ум дека постои интегративен аспект во ЕУ, но да излеземе од онаа констатација „интеграција или војна“,не му служи на никого, особено не за привлекување инвестиции – додаде тој.


Слично

Поврзани вести