Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тимоние повика за доброто на луѓето да заживее Договорот од Преспа

Тимоние повика за доброто на луѓето да заживее Договорот од Преспа

Францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние денеска од Битола порача дека Договорот од Преспа треба да заживее и да се спроведува, односно да не остане само на хартија. 

Повика да работиме на помирувањето особено влечејќи ги поуките од минатото и да ја градиме заеднички иднината. 

„Договорот од Преспа отвoра нова перспектива, односно покажува колку може да биде богата дипломатската работа за да се постигне таков договор кој е неколку чекори напред во помирувањето. Но, сето тоа што е на хартија не вреди ништо доколку луѓето не работат“, вели амбасадорот. 

Додава дека Договорот од Преспа треба да се спроведе за доброто на луѓето.

Слично

Поврзани вести