Тимоние: Потребни се конкретни чекори за доброто и благосостојбата на граѓаните
Оптимист сум дека ќе се најде решение на политичката криза, потребни се конкретни чекори за доброто и благосостојбата на граѓаните, изјави денеска францускиот амбасадор во Македонија, Кристиајн Тимоние при неговата посета на Дебар.
Тој додаде дека Франција ја поддржува Македонија и очекува да продолжи на патот на нејзината интеграција во ЕУ и НАТО.
Тимоние денеска беше во посета на Дебар, при што се сретна со градоначалникот Ружди Љата, присуствуваше на отворањето на изложба, а имаше средба и со професори кои во образовните институци предаваат француски јазик.
Слично
