Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тимоние порача политичките сили да го имаат в предвид националниот интерес

Тимоние порача политичките сили да го имаат в предвид националниот интерес

Амбасадорот на Република Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, во име на францускиот претседател, ја одликува професорката Илинка Митрева со орден офицер на националниот ред за заслуги.

Францускиот амбасадор и Митрева, која е поранешен шеф на дипломатијата, на свеченоста испратија пораки за политичката состојба во Македонија. 

Тимоние рече дека очекува политичките сили во земјата, заеднички да работат имајќи го предвид националниот интерес.

„Има еден универзален политички рецепт, а тоа е заборавете на приватното и работете за општото добро“ – порача Митрева.

Слично

Поврзани вести