Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тимоние најави дека Макрон ќе даде зелено светло за Македонија

Тимоние најави дека Макрон ќе даде зелено светло за Македонија

По вчерашната одлука на Бундестагот за тоа Германија да и го одобри почетокот на преговорите на Македонија со Европската унија, се јави и францускиот амабасадор во Скопје, Кристијан Тимоние, кој најави дека и претседателот на Франција, Емануел Макрон, ќе даде зелено светло на земјата да и биде доделен долгоочекуваниот датум за отворање на поглавјата на 15 октомври.

-Секој со својот систем. Ние го очекуваме зеленото светло од нашиот претседател на Републиката, рече Тимоние во Битола, одговарајќи на новинарско прашање.

Амбасадорот рече дека Франција ќе ја следи одлуката на Германија, бидејќи нивните политики и ставови за земјите од Западен Балкан се синхронизирани.

- Како и секогаш, ние многу споделуваме со нашите германски партнери за оваа тема. Имаме добар став кон вашата земја и кон сите напори што таа ги направи на регионален план. Ние, Французите и Германците многу добро знаеме дека треба уште многу, многу работа за реформите што се на хартија да станат реформи во реалност, тврди дипломатот.

Тој сепак ги спушти на земја политичарите со најава дека не смеат да ја злоупотребат добрата волоја и дека допрва следува тешкиот дел од работата и исполнување на строги критериуми за што нема да биде прогледувано низ прсти.

- Ќе направиме еден убав коктел меѓу реалноста и она што значи добар прием. Реалноста која треба да се поправи и дополни и секако она што ние го очекуваме, а тоа е добар прием од наша страна, изјави Тимоние. 

Слично

Поврзани вести