Тимоние му го врати оптимизмот на Бујар Османи
Вицепремиерот за евроипски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние, по што му се врати оптимизмот на владиниот функционер дека Македонија порано од очекувањата ќе добие датум за преговори со ЕУ.
„Ќе ги убедиме и Французите. Работите сега изгледаат добро. Да продолжиме да работиме за иднината да изгледа добро!“, објави Османи по состанокот со Тимоние.
Вчера средба со Тимоние имаше и техничкиот премиер Оливер Спасовски. Во последно време сигналите се позитивни и од страна на францускиот претседател Емануел Макрон дека на Самитот во Загреб во мај Брисел би можел да даде „зелено светло“.
Франција во моментов се обидува да ја протурка предложената методологија за одвивање на преговорите, а за истата допрва треба да се гласа.
