Тимоние: Изненаден сум од одлуката на Груевски дека не ги признава изборните резултати
Aмбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние на денешната средба со градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ рече дека е изненаден од одлуката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека не ги признава изборните резултати.
„Најлошо е да се испраќа слика на постојани кризи. Сега и се даде втора шанса на земјата што е позитивно и затоа и на локално ниво треба да се искористат сите наклонети карти кон вас“– му рече Тимоние на Богдановиќ.
На средбата Богдановиќ рече дека ќе соработува со координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Советот, а и тоа дека веќе договорил и средба со против-кандидадот од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Јовановски.
Слично
