Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тимоние: Франција ќе ги следи мислењата на другите држави

Тимоние: Франција ќе ги следи мислењата на другите држави

Кристијан Тимоние, амабасадорот на Франција во Скопје, денеска изјави дека неговата земја ќе се консултира со останатите земји-членки и ќе го следи нивното мислење пред да донесе одлука дали да ја поддржи Македонија во добивањето датум за преговори што се очекува на средината на овој месец.

- Важно е да се направи споредба и да се соочат мислењата на сите држави членки во врска со оваа проблематика и да се направи чекор напред, бидејќи посакуваме целиот регион да направи чекор напред и тоа ќе претставува вистинска европска интеграција. Може да речеме дека засега разговорите се во тек – рече Тимоние.

Дипломатот додаде дека проблеми во моментов претставуваат гледиштата за регионот воопшто и за владеењето на правото во Македонија.


Слично

Поврзани вести