Тимоние: ЕУ ќе реагира за Груевски, но не емотивно
Кристијан Тимоние, амбасадорот на Франција во Скопје, во разговор како гостин ан 1ТВ изјави дека се сретнал со Никола Груевски извесен период пред поранешниот премиер да пребега во Унгарија, каде што доби и азил. Дипломатот вели дека Груевски се консултирал со него за судски и обвинителски прашања.
- Јас се видов со него пред неколку седмици и не добив впечаток дека станува збор за некој кој што сака да избегне од својата одговорност и ги следев неговите охрабрувачки изјави затоа што тоа негово право дури и по ризик на затвор некој кој сака да го поддржи нератификувањето на Преспанскиот договор. Би сакал да кажам дека сето ова е изненадувачки и да видите поранешен политичар одговорен да ги притиска своите следбеници кон отпор, а потоа истиот тој да ја избегне одговорноста. Зборувавме за неговата состојба, за потешкотиите со кои тој мислеше дека ќе се соочува во текот на судскиот процес - изјави Тимоние.
Тој се осврна и критички кон македонските надлежни органи и нивното делување го оцени како пропуст
- Ќе кажам дека бев изненаден како и јавното мислење дека може да си замине од оваа земја при имајќи толку многу обвиненија без притоа полицијата да ве чува дури и судството. Вистинското прашање е прво како успеал да излезе од земјата тоа е едно прашање, но исто така другото прашање е како се нашол на територија на ЕУ - вели Тимоние.
Додаде дека ЕУ ќе пристапи систематски за овој проблем, а не емотивно.
- Станува збор за агенди за кои што е потребно време да се подготват, а не кафеански муабети и ке треба тие работи да се решат со дваест и седумте земји членки. Тоа се процедури или дискусии кои што треба да бидат организирани претходно и затоа нормално е што немаше таквии жестоки реакции затоа што не сме во моменталната реакција затоа што станува збор за суштински прашања кои што треба да се набљудуваат од повеќе аспекти, судскиот аспект затоа што беше дадено барање можеби закаснето од македноската држава и постојат процедури од областа на меѓународното право и надвор од секој скандал нели кој што може да се случи од бегствотона еден политичар од висок рангн и тоа во неразјаснети околности и што е важно да ја надминеме првата емоција и потоа сите аспекти правни да бидат анализирани од страна на сите главни градови а потоа и заедно и не треба да се случи нели раизидување на мислењата и некој да реагира брзо а некој не за да добиеме резултат - додаде Тимоние.
