Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тимоние: Потребна е одговорна влада и политичари со чувство за општ интерес

Тимоние:  Потребна е одговорна влада и политичари со чувство за општ интерес

Aмбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние се надева дека комесарот Јоханес Хан ќе најде решение за спориот процес во Македонија.

Според Тимоние, важно е да се донесе одлука за формирање Влада, затоа што постојат економски и политички предизвици поради кои земјата не може да чека. 

„Има економски и политички предизвици и секој очекува една силна Македонија, Македонија која ќе биде почитувана во својот територијален интегритет, суверенитет и своето единство. Македонија треба да остане на патот кон ЕУ и НАТО и за тоа е потребна одговорна влада што ќе биде способна да донесува одлуки и реформи и политичари со чувство за општ интерес на земјата“- изјави Тимоние.

Еврокомесарот Јоханес Хан и тројката европски пратеници утре доаѓаат во Македонија со цел да направат уште еден обид за излез од политичката криза.

Тој ќе се сретне со политичките челници, а нема да им излезе во пресрет на иницијативата „За заедничка Македонија“ иако тие бараа Хан да ги слушне и нивните барања. 

Хан и минатиот месец беше во Скопје. Тогаш тој порача дека очекува во Македонија брзо да се формира влада. 

Слично

Поврзани вести