Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТIМЕ.МК ИМА МИЛИОН ПРЕГЛЕДИ ДНЕВНО: Што друго открива основачот, Игор Трајковски во Бизнис Муабети на Фактор

ТIМЕ.МК ИМА МИЛИОН ПРЕГЛЕДИ ДНЕВНО: Што друго открива основачот, Игор Трајковски во Бизнис Муабети на Фактор

Пред повеќе години имаше голема хајка против Тime.mk од страна на медиумите. Координирано беше тоа, наеднаш од десеттина сајтови ни стигнаа писма од адвокати, со закани за тужби, со одредени суми за објавување на нивните вести. Практично бара по 5.000 евра месечно за да се превземаат  вестите, но ние застанавме на нозе, не ги тргнавме поради опасност да не тужат...Но, од друга страна, зошто би не тужеле? Затоа што ставаме линк до нивните сајтови. Сите бараат да им ставаат линкови, а тие во фуснотите наведуваа забрането е линкување. Но, сфатија дека направиле грешка откако им падна читаноста. Мој познаник, вработен во тогашниот МПМ ми кажа дека трафикот на Утрински весник паднал за 40 отсто, на Дневник не се сеќавам точно, вели во денешниот поткаст,Игор Трајковски, основач и администратор на Time.mk.

Најновиот поткаст Бизнис Муабети ги открива почетоците, развојот на бизнисот, понудите за купување.



Слично

Поврзани вести