Time.mk беше цел на хакерски напад
Најпопуларниот македонски агрегатор за вести, time.mk, неколку часа не беше во функција.
Според неофицијални информации, станува збор за хакерски напад, кој целосно го блокирал пристапот до вестите и информациите, што преку линковски врски ги има на агрегаторот.
Вака завршуваше обидот да се отвори агрегаторот.
Игор Трајковски, сопственикот на time.mk на неговиот Твитер профил објави дека овој агрегатор на вести е под DDOS напад.

На овој начин, јавноста во државава остана покуса за најновите информации поврзани со изборните случувања и резултати.
Сега овој сајт е повторно во функција.
Слично
