Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТИМЧО МУЦУНСКИ ПОТПИШАЛ 53 РЕШЕНИЈА - неделава семејствата ќе добијат по 8.000 денари помош за новороденче

ТИМЧО МУЦУНСКИ ПОТПИШАЛ 53 РЕШЕНИЈА - неделава семејствата ќе добијат по 8.000 денари помош за новороденче

Од Кабинетот на градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски информираат дека неделава почнува исплатата на финансиската помош за новороденчиња во Општина Аеродром, која, како што тврдат оттаму, била стопирана со месеци.

„Со оваа мерка, 53 семејства во Општина Аеродром ќе добијат по 8 000 денари парична помош за новороденче. Општина Аеродром преку доделување еднократна парична помош за сите новороденчиња родени на нејзината територија дава свој скромен придонес во зголемувањето на наталитетот, а со цел делумно да им се олеснат трошоците на родителите што произлегуваат од таквиот среќен чин“, се вели во соопштението од општината.

Натаму, како што дфодаваат од оваа најбројна скопска општина, „градоначалникот Тимчо Муцунски, потпишувајќи ги решенијата за финансиска помош за новороденчиња, порача дека најмладите остануваат во фокусот на нашето внимание и Општината останува отворена за секој проект што значи подобрување на нивниот живот“.


Слично

Поврзани вести