Тимчо Муцунски: После таква победа, нормално е Мицкоски да биде единствен кандидат за лидер
Тимчо Муцунски, кој вчера беше избран за еден од новите потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека Христијан Мицкоски на конгресот на 12 декември бил избран повторно за партиски претседател како единствен кандиат поради, како што вели тој, убедливата победа на локалните избори.
- Земајќи ја предвид убедливата победа која тој ја извојува и покрај тешките предизвици со кои тој се соочуваше во рамки на партијата, тоа беше очекувано Јас искрено ќе се изненадев да не беше така после таква победа, која беше резултат на квалитетно испланирана кампања, резултат на добра внатрепартиска организација. Тоа беше очекуваниот чекор, рече градоначалникот на Аеродром.
Муцунски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи преговорите со Бугарија само во рамките на црвените линии изгласани како резуолуција во Собранието, но и побара повеќе информации за текот на спорот од оние што ги водат.
