Тимчо Муцунски: Економските анти-ковид мерки ќе се изгласаат во април
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, вели дека економски анти-ковид мерки од петтиот пакет на Владата ќе се изгласаат дури во април, затоа што на дневен ред во Собранието се нашле на 23 март.
Опозицискиот функционер вели дека законите од од последниот економски сет на антикризни мерки е блокиран од владеачкото мнозинство, а не, како што вели тој, од опозицијата.
„Кој го “блокира” Собранието? Економските мерки за помош на компаниите (според Фатмир Битиќи) се доставени до Собранието во форма на закони на 16.2.2021. Собранието ќе може да ја отпочне постапката за носење на тие закони тек на Седницата закажана за 23.3.2021 (бидејќи тогаш се ставени како точки на дневен ред од страна на парламентарното мнозинство). По таа динамика тие мерки би се изгласале најрано на 1.4.2021“, се огласи Муцунски на Фејсбук.
Тој додава дека економските мерки стојат заглавени во собраниски лавиринти веќе еден месец и дека иако економските мерки предложени од Владата се недоволни, сепак, и таа минамлна помош е од значење за компаниите и за нивните вработени.
„Собранието треба со забрзана димамика да ги донесе тие закони уште следната недела, а за тоа да се случи мнозинството треба да ги “одблокира”, смета тој.
Слично
