„ТИЕ ШТО НАЈМАЛКУ РАЗБИРААТ ПРАВО, НАЈЛЕСНО СЕ ‚МЕСАТ'“: Уставната судијка Данева за судиите
Уставната судијка Ана Павловска Данева во гостување на поткастот кај адвокатот Јанаки Митровски, истакна дека сите судии меѓусебно си ги знаат кои судии се лесни за „обработка“.
„Самите судии си ги посочуваат, па они со име и презиме си ги кажуваат. Во секој суд ќе знаете точно кој им е тегот околу вратот, тој што го прави проблемот. Тој што има незнаење, притоа оние што најмалку разбираат право, најлесно се месат. И тие си ги знаат меѓу себе ама молчат, еве не се случува ништо. Никогаш не им паѓа на памет против нив да поднесат до Судски совет 20 потписи, за да им се почне дисциплинска постапка во Судски совет“, вели Данева.
Слично
