Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ТИЕ СЕ НАШИТЕ ХЕРОИ И ТРЕБА ДА ГИ ЧУВАМЕ ВО СТАКЛЕНО ЅВОНО“: Костадинов за одлуката да се намалат платите на пожарникарите

„ТИЕ СЕ НАШИТЕ ХЕРОИ И ТРЕБА ДА ГИ ЧУВАМЕ ВО СТАКЛЕНО ЅВОНО“: Костадинов за одлуката да се намалат платите на пожарникарите

Поприлично сум изненаден од одлуката на општината да ги намали платите на пожарникарите спасители. Луѓе кои не само што си ја вршат својата работа, туку сме едни од ретките ТППЕ кои имаат специјализирани тимови за спасување од земјотреси, и кои спасувале животи во цела Европа кога требало.
Ова го напиша поранешниот градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, кој воедно укажа дека пожарникарите се тимови кои посетуваат обуки за спасување луѓе од сообраќајки, тимови кои наоѓале удавени лица во езерата во целиот регион, луѓе кои, кога некој се затворил дома и нема клуч, буквално влегуваат преку тераси за да помогнат. 

- Високата плата на пожарникарите спасители не е само обично покачување на примањата, туку претставува поттик за економскиот развој на општината. Тоа е поттик за можно реално зголемување на данокот на имот, што би имало директен позитивен импакт врз општинскиот буџет.

Начин за исплата на зголемените плати има. Ако ТППЕ Струмица има околу триста интервенции во општина Струмица, верувам дека има уште толку и во околните општини, а тоа го правиме во знак на добра волја, без финансиска партиципација од нивна страна - објасни Костадинов. 

Потоа додаде дека пред неколку дена прочитал дека близу една милијарда денари ќе има поддршка и од Министерството за одбрана за финансиска поддршка на пожарникарите, што е добро и согласно собраниските процедури и читањето на националниот буџет би дошло во вистинско време. 
- Сè што е потребно е добра волја и искрен пристап, а убеден сум дека ги има од сите страни. Иако не сакам да поверувам, од страна ми личи дека одредени индивидуи од секторот за финансии извршиле сериозен притисок за да се донесе ваква одлука.

Мојот став за пожарникарите спасители останува непроменет. Тие се нашите херои и како такви треба да ги чуваме во „стаклено ѕвоно“. Имам искуство со многу правни голготи низ кои поминуваа за да ги остварат своите права: од регулирањето на хранарината, до плаќањето на викендите, систематизацијата и уште еден куп други бирократски, досадни пречки кои го попречуваа остварувањето на нивните основни права. 
Верувале или не, и покрај сето тоа, тие никогаш не размислуваа кога стануваше збор за нивната улога во заштита на нашата безбедност и превенција - напоменува Костадинов. 

Потоа додаде дека токму поради споменатите причини, смета дека освен платата и социјалниот статус на пожарникарот спасител мора да биде ставен на високо ниво. 
- Затоа беа моите одлуки во рамки на мојот мандат тие да добијат ослободување од плаќање паркинг и бесплатен превоз во рамки на ЈСП Струмица како поттик и мотив кон нив дека не се заборавени, туку се симбол со кој Струмица се гордее - заклучи на крајот Костадинов. 



Слично

Поврзани вести