„Тие ја имаат власта во свои раце. И ништо попаметно не можат да смислат од тоа да собираат смет?“: Најчевска со остра критика
Поголема глупост не можам да замислам.
Тие ја имаат власта во свои раце.
И организацијата наречена држава.
И ништо попаметно не можат да смислат од тоа да собираат смет? На најчистиот простор во државата? Додека се множат отворени депонии?
Дали и парите кои ќе ги добијат за овој ден ќе бидат на ниво на некој кој собира смет?
Ова го напиша денеска на социјалните мрежи професорката и општествен критичар Мирјана Најчевска, по одржувањето на акцијата „Генералка викенд“, на која присуствуваше претседателката Гордана Силјановска Давкова, но и градоначалници, и други владини претставници и политичари.
- Ова е исто како да имаш на располагање авион а ти тргаш на пат за Америка на сплав.
Кога ќе излезат амбасадорите на други држави во земјава да собираат смет тие и порачуваат на државата дека не си ја врши работата. А кога ќе излезе градоначалникот па и претседателката тоа значи дека немаат појма што им е работата.
Донесете ИНЦЕНЕРАТОРИИИ и легислатива со драконски казни и градоначалници кои знаат како да се грижат за општината во која се избрани. Прстанете да глуматате и да замајувате глуп народ - напиша Најчевска на Фејсбук.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
