Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тежок ден во законодавно-правната комисија, Буџетот стигна до собранискиот спикер

Тежок ден во законодавно-правната комисија, Буџетот стигна до собранискиот спикер
Со секој изминат ден, расте нервозата во собраниските сали. Договор за носење на Буџетот за 2013 година, се уште нема. Во тек е координација на пратеничките групи кај спикерот Трајко Вељаноски. Но пред да почне координацијата, собранието наликуваше на циркус.  Додека во Комисијата за финансирање и буџет, тече расправа за амандманите, во другата сала, односно во Законодавно- правната комисија се случуваше вистински циркус. Пратениците од опозцијата се обидоа да ја блокираат комисијата , со сврирчиња, со довикувања, а на моменти се пееја и македонски народни песни. Истовремено додека тие создаваа бучна атмосфера , претседателката на комисијата , Благодродна Дулиќ беше решена  да ја одржи седница. Таа и нејзиниот нејзиниот заменик,  Малиша Станковиќ и покрај драматичната атмосфера во салата во која не се слушаше ништо освен свирежи,упорно  наизменично ги читаа амандамните. Таквата напната ситуација траеше цели три часа , по што откако ги исчитаа амандманите претседателката на комисијата ја затвори седницата и порача дека одат на координација кај спикерот Трајко Вељаноски. „Со оглед на тоа што не овозможувате комисијата да си ја врши работата и ја правите нефункционална работата на оваа комисија да си ја заврши обврската и да се произнесе по предлог биџетот за 2013-та, јас како претседател на комисијата, на координација со Претседателот Трајко Вељаноски ке се произнесам односно ќе го кажам ова и ќе барам Координација да се произнесе и да преземе мерки за завршување на обврските за предлог буџетот“, изјави Дулиќ. По ова, пратениците од опозијата се упатија на комсијата на финасирање и буџет, а свирежите и довикувањата меѓу пратениците од власта и опозицијата ,продолжија и по собраниските ходиници,што на моменти наликуваше дури и на тотална брканица. Пратенците од опозцијата влегоа на седницата за финасирање и буџет , која е во тек и каде тече расправа за амандманите и координаторот Игор Ивановски , од говорницата порача дека оваа власт ќе заработи и кривични пријави, повика на разумност  и власта да не се обидува на сила да го донесе Буџетот бидејќи тогаш последиците ќе бидат несогледливи. Дополнително Ивановски посочи и дека со ваквиот денешен чин Претседателот Трајко Вељаноски веќе е делегитимиран. „ Вељаноски е делегитимиран и повеќе не е Претседател на собранието  ако ова го дозволи. Овие криминалци кои се на власт и кои се решени да украдат, а не да создадат, мора да си заминат. Ако Трајко Вељаноски е паметен ќе го прифати нашиот план за штедење, ќе се откаже од криминалот а власта ќе мора да се откаже од намерата за партиско полициски пуч. Ние ја разбираме нервозата, народот не е веќе со ВМРО ДПМНЕ. Доказ за тоа е што додека ние седевме на координација со министерот за финансии Зоран Ставревски, истиот  тој, вчера тајно  им вртел на фирми и банки и им порачувал дека мора да и обезбедат пари на државата , преку  непостоечка аукција, која не е закажана. Па така Ставрески преку вонредна аукција ја задолжи државата за нови 100 милиони евра или 125 милиони евра за само 7 дена,“ изјави Игор Ивановски.
Слично

Поврзани вести