Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тевдовски вели не ја протнале акцизата низ затворена врата

Тевдовски вели не ја протнале акцизата низ затворена врата

Министерот за финансии, Драган Тевдовски во интервју за МТВ вечерва изјави дека мерката околу акцизата отворено ја соопштиле пред да биде донесена. 

„Во Македонија многу работи се протнати низ затворена врата. Сакаме и критики“- вели Тевдовски. 

Професорот Абдулменаф Беџети вели дека акцизите ќе имаат влијание, но не толку големо како што се создаде фама овие денови. 

Професорот Борче Треновски рече дека предизвикот да се обезбедат средства е голем. 

„Акцизата нема многу голем ефект на инфлацијата, нема директен ефект. Оваа фама малку ме загрижи. Ние сами ако си создаваме фама, еве сега сидникатите бараат зголемување на плати. Притисокот е голем, очекувањата се големи“ - вели Треновски. 

Eкс министерот за финансии, Трајко Славевски вели дека природно е секоја нова давачка да предизвика негативни реакции. 

„Не ми е јасно мене како граѓанин зошто не морам да праќам РДТ, а ќе ми се зголеми акциза, за дизелот. Знаете доаѓа во еден несреќен  тајминг. Кога е проектирана оваа мерка, цената на нафтата беше околу 50 долари. Владата ќе биде изложена на поголем притисок“ - рече Славевски. 

Тевдовски на интервјуто изјави дека лекарите и луѓето кои работат во градинките мора да земаат повисоки плати, а тоа на долг рок ќе има ефект. 

Премиерот Зоран Заев во интервју за МТВ рече дека транспарентноста ќе доведе до рационално трошење на буџетот. 

Тој рече дека образованието е темел и е многу важно, а лекарите си заминуваат и затоа одлучиле да им ги покачат платите. 

Слично

Поврзани вести