Тевдовски трчаше како Дедо Мраз
Вчера во Скопје одржа празнична дедомразовска трка која како манифестација веќе прераснува во традиција со цел да се внесе расположение и празничен дух во пресрет на Новата година. Меѓу тие што трчаа облечени како Дедо Мраз беше и министерот за финансии Драган Тевдовски кој покажа дека е во добра форма.

Трката ја организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“. Годинава трката броеше околу 300 граѓани, а учесниците беа од сите возрасти, мажи и жени, а главен услов е секој да носи костум од Дедо Мраз.
Почетокот и крајот на трката беа во паркот „Жена-борец“, а се трчаше кон мостот кај МНР, покрај Вардар до Камениот мост и преку плоштадот „Македонија“ до целта.
Должината на патеката е два километра. Дедомразовска трка низ улиците на Скопје се организира веќе четврта година по ред.
