Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тевдовски, Ставрески и Славески не вечераа со Ангеловска

Тевдовски, Ставрески и Славески не вечераа со Ангеловска

Министерката за финансии Нина Ангеловска синоќа ги угости поранешните министри за финансии. На вечера која таа ја организирала присуствувале Таки Фити, Џевдет Хајредини, Петар Гошев, Никола Поповски и Кирил Миновски.

Имав чест да бидам домаќин на вечерата со претходните министри за финансии од осамостојувањето на Република Македонија до денес. Ми беше задоволство да ги слушнам нивните искуства, да научам повеќе за како функционирале работите во минатото во Министерството за финансии, за нивните гледишта и предизвици низ годините, стои во објавата на министерката на фејсбук. 

Таа им се заблагодарува, за како што вели нивниот придонес кон она што е денес министерството.

На средбата не присуствувале Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ, како и Зоран Ставрески, но и поранешниот министер за финансии кого самата го наследи Драган Тевдовски.

Слично

Поврзани вести