Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тевдовски не дава пари за нов владин авион

Тевдовски не дава пари за нов владин авион

Драган Тевдовски, министерот за финансии, не ја одобрил идејата да се купи нов владин авион, откри Томислав Тунтев, доскорешниот пратеник во македонското Собрание, а сега директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, велејќи дека тоа му го потврдил премиерот Зоран Заев.

- Еднаш премиерот ми прати порака дека се расипал генераторот. Јас му одговорив, „не секирај се премиере, има уште еден“. Но, ако се чести откажувањата на генераторот, независно од редовните прегледи, тогаш треба да се запрашаме зошто е тоа така. Тоа се генератори со технологија од раните 80-ти, а сега сме длабоко навлезени во 21 век. Такви генератори не постојат, сега се алтернатори и немате ни резервен дел, не се произведуваат. Тогаш му реков, „премиере, време е да размислувате за нов авион“, а тој на шега ми одговори, „Тевдо не дава“. Но мое е, таков став и на колегиум зазедовме, да укажеме и да советуваме сериозно да се размислува за ова прашање, изјави Тунтев на едно од прашањата од интервјуто за „Независен“.

Препораката на Агенцијата во моментов е да се купи ВИП-авион со 15 седишта кој би чинел од 15 до 20 милиони евра, бидејќи актуелниот државен воздухоплов е со стара технологија, купен одамна како репариран. 


Слично

Поврзани вести