Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тевдовски: На македонската економија и се заканува рецесија

Тевдовски: На македонската економија и се заканува рецесија

На Македонија и се заканува можна рецесија, а за тоа има три индикатори кои даваат предупредување предупреди денеска на прес конференција, Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија на СДСМ.

- Податоците за почетокот на 2017 година покажуваат пад во градежништвото, намален обем на индустриското производство и намалена побарувачка на купувачите. Трговијата на мало има пад од 2,5% во јануари и февруари 2017 година во однос на истиот период лани. Тоа се должи пред сѐ на намалената побарувачка од купувачите. Ова е податок добиен токму од фирмите, кои во Извештајот за деловните тенденции во трговијата на мало на Државниот завод за статистика, како најограничувачки фактор во почетокот на 2017 година ја означиле токму слабата побарувачка од купувачите.

Индустриското производство во јануари и февруари 2017 година бележи пад од 1,9% во споредба со истиот период во 2016 година. Тоа се должи пред се на падот на преработувачката индустрија од 4,1%, а пад има и кај рударството, од 6%.
Сериозен пад имаат повеќе оддели на преработувачката индустрија како: производство на пијалаци (-14,5%), на тутунски производи (-22,3%), производство на текстил (-17,2%), на облека (-22,1%), кожа (-28,1%), преработката на дрво (-48,3%), производство на фабрикувани метални производи (-25,2%), на останата опрема за транспорт (-52,6%), останата производствена индустрија (-31,4%) и поправка и инсталирање на машини и опрема (-60,7%).

Градежништвото бележи намалување за 24% во јануари 2017 година во однос на истиот месец во претходната година - објасни тој.

Тевдовски порача дека е потребна итна деблокада на демократските процеси, за Република Македонија да ја добие новата реформска Влада.


Слично

Поврзани вести