Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тевдовски: Меѓу првите мерки на новата влада е кревање на минималната плата

Тевдовски: Меѓу првите мерки на новата влада е кревање на минималната плата

СДСМ посакува што побрзо да се формира новата реформска влада со цел да го исполна предизборното ветување на зголемување на минималната плата во Македонија и подобрување на животниот стандард. Драган Тевдовски претседател на Комисијата за економија на СДСМ, посочи вчера дека земјата е пред рецесија за што има три индикатори, но исто така загрижува и фактот што платите се многу ниски.

- Тоа е еден од показателите дека платите во Македонија се многу ниски, ние и во програмата и во многу наши пресови јасно потенциравме дека растот на платите е еден од нашите приоритети и мислиме дека Македонија мора да излезе од ова мизерно ниско ниво на плати и затоа во програмата наведовме и ќе имплементираме серија на механизми кој ќе прават платите да растат, пред се оние најниски плати тие што се на левата страна на распоредот тоа е секако борбата за минимална плата, ние во програмата предвидовме и серија на мерки кој прават стимулација и државна поддршка за отворање на работни места кој ќе испраќаат бруто плата повисока од просечната, секако тука е важна поддршката за домашните претпријатија и растот на платите на долг рок, веројатно највеќе ќе зависи од реформите во образованиот систем, бидејќи на долг рок платите зависат од продуктивноста, а пак продуктивноста зависи од знаењата и вештините на работниците, одговори Тевдовски на новинарско прашање поврзано со зголемување на стандардот на граѓаните.

Слично

Поврзани вести