Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тевдовски е подготвен на каква било одлука на Заев

Тевдовски е подготвен на каква било одлука на Заев

Драган Тевдовски, министерот за финансии, денеска изјави дека е подготвен да прифати било каква одлука на премиерот Зоран Заев дури и доколку таа биде барање за негова оставка.

Вели дека е целосно посветен на промените и реформите што се прават во Министерството за финансии и дека верува во политиките на шефот на Владата.

- Целосно сум посветен на промените и реформите што се прават во Министерството за финансии и целосно верувам во политиките што ги води премиерот. Досега се направени огромни чекори напред, земјата се движи во правилна насока и целосно ќе ги почитувам сите негови решенија, изјави Тевдовски.

Реконструкцијата на Владата се очекува подолго време, а најавена е за во текот на јуни. Премиерот Заев најави дека СДСМ ќе промени раководители на три ресори.

Слично

Поврзани вести