Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тевдовски доби честитки и од Бејли, го очекува многу одговорна работа

Тевдовски доби честитки и од Бејли, го очекува многу одговорна работа

Министерот за финансии Драган Тевдовски, заедно со својот економски тим продолжува со серијата на средби со претставници на дипломатскиот кор, како и на домашните и странските финансиски институции, па денеска оствари средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија Џес Бејли.

Министерството за финансии соопшти дека амбасадорот упатил честитки до Тевдовски за новата функција, министер за финансии, која, како што се наведува, е една од најодговорните во државата.

Тевдовски истакнал дека активно ќе работат на реформи што ќе значат подобро управување на јавните финансии во Македонија, кои ќе резултираат со зголемување на економскиот раст и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

На средбата соговорниците размениле мислења и за глобалните предизвици.


Слично

Поврзани вести