Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тевдовски бара 35 милиони долари за нови градинки

Тевдовски бара 35 милиони долари за нови градинки

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, во Вашингтон преговара со Светската банка за програма од 35 милиони долари преку која би се отвориле нови и би се реновирале постојните детски градинки во Македонија.

,,Оваа година СБ слави 25 годишнина и значајно е да истакнеме дека Македонија прима огромна помош од оваа институција. Разгледуваме можности за идна соработка. Еден од поважните проекти за кои разговараме е помош во социјалната сфера во висина од 35 милиони долари за отварање нови градинки и реновирање на постојните, како и подобро таргетирање на социјалната заштита, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски. 

Министерот Тевдовски и гувернерот на Народната банка на РМ Димитар Богов, денеска и утре имаат средби со заменик-претседателот на СБ за Европа и Централна Азија, Сирил Миле, директорт на банката за Југоисточна Европа, Европа и Централна Азија, Линда Ван Гелдер, како и со извршниот директор на СБ, Френк Хемскирк и со шефот на мисијата на ММФ за Македонија, Јасмин Рахман.

Најавува и дека со новиот закон за јавни набавки ќе се промени системот за таа намена во Македонија и оти ќе постои многу поголема транспарентонст, ќе нема проблематични бирократски процедури и ќе се постават механизми за спречување злоупотреби.

- Во моментов доставен е Предлог закон на јавен увид и изработен заедно со Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Организиравме неколку јавни дебати низ Македонија од кои добивме повратни сугестии од страна на договорните органи, од локалните институции како и од невладините организации. Сите заедно партиципираме за да се изработи европски закон за јавни набавки, изјави Тевдовски.

Според него, една од најважните работи во новиот закон е тоа што секој договор и анекс ќе мора да бидат поставени во електронскиот систем за јавни набавки на увид на јавноста, како важен механизам за спречување злоупотреби.


Слично

Поврзани вести