Економија, финансии, бизнис

Контакт

Теута Арифи сестра си ја поставила заменик директор во училиште

Теута Арифи сестра си ја поставила заменик директор во училиште

Од Алијансата за Албанците ја обвинија градоначалничката на Тетово, Теута Арифи дека вработува блиски. 

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи треба да објасни на јавноста и
на министерот за образование Арбер Адеми како ја вработила сестра си и како успеа да ѝ даде позиција на заменик директор во основното училиште „Истикбал“, прашаа на прес-конференција од Алијансата за Албанците.

„Дали министерот е свесен за тоа? Или и за ова министерот Арбер Адеми нема да преземе ниту една акција, како што не презеде било каква акција кога  професорката Арјета Велиу беше малтретирана и избркана од нејзиното работно место без ниту една правна основа од страна на одборот на директори на тоа училиште. Законите важат само за опозицијата, а не за тие на власт“ – велат од Алијансата.

Алијансата за Албанците побара оставка од Адеми, бидејќи како што велат тој е  марионета кој со своите одлуки им носи штета на Албанците и на учениците од целата држава.

Деновиве има обвинувања за непотизам, но роднините на дел од функционерите од СДСМ се повлекоа од работните места кои беа спорни. 

Слично

Поврзани вести