Теута Арифи: Македонија е заложник на евтини тргувачи со популизмот кои стравот го претставуваат како како „патриотска битка“
„ДУИ е партија која низ времето и низ нејзиното повеќегодишно политичко дејствување ја има потенцирано и докажано нејзината евроатлантска определба. Нашите чекори биле и секогаш ќе бидат континуитет на една јасна и несомнено интегрирачка улога за градење на едно политички и економско стабилно општество. Македонија во моментот е заложник на една нереална и навидум демократски некоректна тенденција од одредена група на луѓе во физичка форма на политичари и евтини тргувачи со популизмот, кои нивните внатрешни проблеми и стравови се трудат да ги претстават како „патриотска битка“ за зачувување на државата од еден виртуален непријател. Во политичката историја и литература тоа е веќе конзумирана и повеќе пати исчитана теза, карактеристична за одредени тоталитарни политички елити, кои се загубени во нивната себична потреба за власт, која никогаш не била рамна на нивниот интелектуален капацитет. ДУИ во моментот е во постојан контакт за изнаоѓање мирна и демократска форма на десјтвување, со која ќе се овозможи мирно и функционално предавање на власта, без какви било последици врз стабилноста и демократскиот поредок на земјата. Нашето заедничко политичко дејствување со новото парламентарно мнозинство подразбира што поскоро формирање на реформска влада, порака која повеќе пати ни беше јасно кажана од нашите партнери ЕУ и САД. Секоја различна форма на толкување на нашите досегашни заложби како партија, ја сметам како превртување на тези, кои ги хранат малите политички воајери, во нивниот јасен недостиг на политичка визија и зрелост“, вели потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи во интервју за Дојче Веле одговарајќи на прашањето дали ДУИ се помири со намерата на ВМРО-ДПМНЕ да го држи мнозинството далеку од можноста за избор на спикер откако минатата недела почна консултации за излез од кризата, но ги прекина и нема информации дали внатре во партијата или со партнерите имате изградено стратегија за надминување на блокадата во парламентот.
Целото интервју прочитајте го овде.
