Тетовските судии во одбрана на Ферати: Досудил најстрога казна за прегазувањето на Тамара
Судиите од тетовскиот основен суд застанаа во одбрана на судијата Ељведин Ферати кој пресуди 2 годишна затворска казна за смртта на Теодора Ристевска. Во тетовскиот суд во ново рочиште за случајот, Менсур Пајазити, која во септември 2022 смртно ја прегази Теодора на пешачки премин во Тетово, призна вина и му беше потврдена казна затвор од две години. Семејството на Теодора Ристовска се приклучи кон кривичниот прогон и членовите предјавуваа имотно правно побарување.
„Судијата при одмерување на казната за обвинетиот ги имал во предвид како отежнувачките така и олеснувачките околностите, и тоа: начинот на кој е сторено кривичното дело, кривичната одговорност на обвинетиот, неговиот однос во судницата, околностите поврзани за видот, карактерот, тежината и сериозноста на кривичното дело, условите на патот, околноста дека покојната коловозот го поминувала на обележан пешачки премин, штетните последици кои настанале како резултат на инкримираното дејствие, околноста дека законските застапници на покојната се приклучиле кон кривичен прогон и истакнале имотно правно барање, околноста дека обвинетиот признал вина, изразил жалење за настанот, дека порано обвинетиот не бил осудуван и не се води постапка за друго кривично дело.
Ценејќи ги сите околности, судијата, во повторената постапка, обвинетиот го осудил со максималната дозволена казна затвор, имајќи ја во предвид забраната за менување на полошо (Reformatio in peius) како начело предвидено во ЗКП, во ситуација кога по барање на обвинетиот Врховниот суд ги укинал пресудите и предметот го вратил на првостепениот суд на повторно одлучување и поради оваа забрана новата пресудата не смее да се измени на штета на обвинетиот ниту во однос на правната квалификација на делото, ниту во однос на кривичната санкција“ – се вели во соопштението.
