Тетовски угостител е уапсен бидејќи работел по дозволеното време
Пријава доби угостител од Тетово кој работел и покрај забраната.
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против А.Ш.(25) од Тетово, сопственик на угостителски објект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 25.12.2020 околу 20.00 часот во Тетово, при извршена акциска контрола за почитување на воведената забрана за работа на угостителските објекти за посетители по 18.00 часот, е констатирано дека угостителскиот објект на ул.„146“ работел по пропишаното време. Увидна екипа од СВР Тетово извршила увид и известен е Државниот пазарен инспекторат, кој преземал мерки во нивна надлежност, а полициски службеници го лишиле од слобода пријавениот и го привеле во СВР Тетово за понатамошна постапка.
foto freepik
