Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕТОВО: Водата е со чуден мирис и вкус

ТЕТОВО: Водата е со чуден мирис и вкус

Водата во Тетово е со чуден мирис и вкус, а решението е филтри со активен јаглен.

Истото од 2017 година се појавува скоро секоја есен во октомври или ноември. Сепак,  надлежните уверуваат дека водата е безбедна за пиење.

Како што вели д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје Тетово, непријатниот мирис и вкус е поради паѓање на вегетацијата, најмногу од лисјата од дрвјата што паѓаат во речните води во месноста Лешница, од каде се зема вода за новиот водоснабдителен систем.

„Нема опасност бидејќи мирис и вкус се субјективна категорија, водата е безбедна, кој може- нека ја пие, кој не може – да не ја пие. Искуството од 2017 година досега покажало дека за неколку дена субјективнот мирис и вкус ќе ги снема“, изјави д-р Ратко Давидовски.

Годинава интензитетот е зголемен затоа што тетовскиот водовод повеќе користи вода од површинските односно речни извори.

Во повеќе општини имаше проблеми со квалитетот на водата за пиење. Во водата во Берово деновиве е откриено поголемо количество на манган. Нив вода ќе им достават со цистерни од Делчево. Проблеми со квалитетот на водата имаше претходно во Струмица и Гостивар. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести