Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тетово протестираше за чист воздух

Тетово протестираше за чист воздух
Тетовчани денеска излегоа на протест незадоволни од квалитетот на воздухот во нивниот град и одлуката за пролонгирање на рокот до кога Југохром ќе може да продолжи да работи без исполнети еколошки стандарди. „Воздух за Тетово“, „Тетово - речи му не на канцерогениот воздух“, „Премиерот потпиша смртоносен чин за граѓаните“ - со вакви пораки граѓаните излегоа да го изразат своето незадоволство. Тие велат дека заради профитот за државата, се дозволува да работи најголемиот загадувач на Полошкиот регион „Југохром“ и се трујат стотици илјади невини граѓани. „Со одлуката што ја одобри Владата и му дозволи на Југохром да работи уште две години се направи голема грешка бидејќи граѓаните ќе страдаат. Според последните статистики, бројот на заболени од рак е зголемен и мислам оти ваквата одлука е многу погрешна“, велат тетовчани. Организаторите на протестот, невладината „Еко Герила“ најави дека одлуката за продолжување на рокот за комбинатот „Југохром“ ќе ја даде и на Уставен суд.
Слично

Поврзани вести