Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕТОВО ПОД ВОДА - се бара исклучување на струјата, поради опасност од струен удар (ВИДЕО)

ТЕТОВО ПОД ВОДА - се бара исклучување на струјата, поради опасност од струен удар (ВИДЕО)

Попладнево Тетово и околината ги зафати големо невреме проследено со силен дожд и град во големина на лешник. 

Поројниот дожд траеше околу 45 минути и според првичните информации делови од градот се поплавени, а граѓаните апелираат за помош.


- Командирот на ТППЕ Тетово бара да биде исклучена струјата во цело Тетово, бидејќи според него, ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти. Во моментов се воспоставува контакт со ЕВН - соопштуваат од ЦУК.

Од таму додаваат дека има над 200 пријави на штети. Има пријави и за штети на возила вклучително и на скршени ветеобрански стакла на возила во движење на автопатот Скопје - Тетово особено во делот на општина Желино.

Невремето кое го зафати Тетово е проследено со дожд, грмотевици и силен ветер. Големото количество поројни води предизвика поплавување на дворови и подруми на повеќе од пеесетина куќи и објекти во пониските делови на градот. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести