ТЕТОВО ПОБАРА ПОМОШ ОД СКОПЈЕ И ГОСТИВАР: „Пожарот го загади воздухот во градот, учениците се испратени дома“
Локалните власти
во Тетово ги презеле сите мерки за гаснење на големиот пожар кој избувна
утринава во склад за градежен материјал на фирмата „Пофикс“. Асистенција е побарана и од
противпожарните служби од Гостивар и Скопје, а поради загадување на воздухот,
апелираат гражаните да останат дома, иако, како што велат, состојбата не е
алармантна.
„Секторот за образование ги ослободи сите ученици, наставата е во прекин. Апел до сите граѓани да останат дома и доколку немаат итна работа да не излегуваат надвор. Не дека во моментов е критично, но да видиме како ќе се развива состојбата. Побаравме помош од Гостивар и од Скопје, тие се дојдени и заедно го гаснеме пожарот, а побарано е и да интервенира хеликоптер.“
Од информациитее што ги имаме од терен, ако што верлат од тетовската општина, нема повредени гражани во пожарот, но потврдија дека има задушени од густиот нчад.
На нив итно им е укажана лекарна помош и во моментов се во добра здравствена состојба.
