Економија, финансии, бизнис

Контакт

Teтово му се приближува на Скопје по бројот на активни

Teтово му се приближува на Скопје по бројот на активни

Teтово му се приближува на Скопје по бројот на активни случаи на коронавирусот. 

Скопје има 86, а Тетово 78 активни случаи. Зад нив се Гостивар, Охрид и Кичево со по 13, а потоа е Куманово со 11 активни.  Поради свадби и семејни веселби скокна бројот на заболени во Тетово, но мерки за овој град засега нема да има. 

Во последните 24 часа се направени 3.470 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19:

Тетово – 8, Скопје – 4, Гостивар и Охрид – по 2,  Радовиш и Дебар – по 1.

Регистрирани сe 5 оздравени пациенти од: Тетово – 3, Скопје –  2.

Не се регистрирани починати пациенти.

foto freepik

Слично

Поврзани вести