Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕТОВО: Дворови на пет училишта ќе бидат бесплатен паркинг

ТЕТОВО: Дворови на пет училишта ќе бидат бесплатен паркинг

Дворови на пет училишта во Тетово ќе бидат бесплатен паркинг.

Општина Тетово од вторник 18 јуни дворовите на пет училишта ќе ги пренамени како паркиралишта. Образложението е дека се прави со цел да се намали сообраќајниот метеж поради доаѓањето на иселеници и зголемувањето на бројот на возила. Паркирањето таму ќе биде бесплатно.

„Ова ќе го олесни сообраќајот во текот на летото кога нашите иселеници доаѓаат на одмор и имаме поголема посетеност. Исто така, сакаме да апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, да не ги блокираат постројките на јавниот превоз и да го користат градскиот автобус за да се намали аерозагадувањето и да не се предизвикува сообраќаен хаос“, соопштија од Општина Тетово.

Како паркинг места ќе служат дворовите на основните училишта „Истикбал“, „Лирија“, „Гоце Делчев“ како и двата објекта на Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

Кога доаѓаат иселениците има голем метеж. 

foto Wikipedia/Ggia

Слично

Поврзани вести