Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тетовецот кој уринираше над македонското знаме повикан во полиција, бил малолетник

Тетовецот кој уринираше над македонското знаме повикан во полиција, бил малолетник

Тетовец снимил видео додека уринира врз македонското знаме, по што видеото го објави на социјалните мрежи, бил 16-годишен малолетник, а МВР објави дека е повикан во полициска станица.

Секторот за внатрешни работи Тетово попладнево информира дека целосно го расчистил случајот со сквернавењето на државното знама од страна на момче, кое снимило видео и потоа го објавило на социјалната мрежа „Тик-ток“.

„Во текот на вчерашниот ден (16 март) во Полициската станица Тетово повикан е 16-годишник од тетовско, со кого во присуство на неговиот родител, извршен е службен разговор и по целосното документирање на случајот, за малолетникот ќе биде изготвен соодветен поднесок до ОЈО Тетово по член 319 и 394  од Кривичниот законик“, информираат од секторот на МВР.

Непочитувањето на државните симболи е кривично дело и токму поради тоа корисниците на социјалните мрежи вчера побараа да се пронајде сторителот и да се казни.




Слично

Поврзани вести