Тетовец со камен во глава го убил холандскиот газда
Работник во Тетовско со камен во глава го убил холандскиот газда.
Холандски државјанин, сопственик на расадник за украсни дрвца во тетовско село Прељубиште е убиен на имотот, дознава МИА од извори во истрагата.
Од СВР Тетово информираат дека во полицискиото одделение во Јегуновце е пријавено дека има најдено мртво тело на имотот на расадникот „Еуроплантс“.
– Полициски службеници како и јавен обвинител се заминати за Прељубиште за да започнат увид. Од увидот треба да дознаеме повеќе детали за случајот – соопштија од СВР Тетово.
Од тетовското Обвинбителство соопштија дека јавен обвинител врши увид на местото на кое 45-годишен жител на тетовското село Јанчиште, денеска во 13,30 часот го убил неговиот работодавец, 60-годишен државјанин на Кралството Холандија.
Осомничениот е лишен од слобода, а истрагата продолжува.
