Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тетовец се обидел да си ја убие сопругата

Тетовец се обидел да си ја убие сопругата

Тетовец во саботата со шест убоди со нож се обидел да си ја убие сопругата. 

Тетовската полиција против А.Б.(49) поднесе кривична пријава за убиство во обид.

На нападот му претходела расправија меѓу А.Б. и В.М. (49) од Тетово, со која живеел во вонбрачна заедница. Во еден момент мажот со нож ја пробол сопругата.

По инцидентот жената е пренесена во Клинички центар Тетово каде и биле констатирани шест убодни рани во пределот на градите, вратот, грбот и дланките. Поради сериозноста на повредите, жената била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Еден час подоцна А.Б. сам се пријавил во ПС Тетово и го пријавил случајот.

Слично

Поврзани вести