Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тетовец погоден во глава од заталкан куршум

Тетовец погоден во глава од заталкан куршум

Тетовец бил погоден од заталкан куршум кој го пробил кровот на неговиот автомобил и го погодил во главата додека возел на булеварот Илинденска во Тетово. Според информациите на СВР Тетово погодениот З.П. почувствувал болка на главата односно рана од која крварел. По запирањето со возило, тој бил префрлен во тетовската клиничка болница од каде по укажната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Во Ситроенот покрај сега повредениот била и неговата сопруга С.П.(25) и нивното бебе. Увид на местото на настанот по овластување на јавен обвинител извршила екипа од СВР Тетово при што бил утврден отвор на покривот од автомобилот над возачкото седиште додека на подот од возилото зад возачкото седиште бил пронајден проектил со калибар од 7,62, милиметри.

Според досегашните информации од истрагата, најверојатно станува збор за заталкан куршум. Се преземаат мерки да се утврди кој и од каде пукал.


Слично

Поврзани вести