Тетовец почина по компликации од грип
Тетовец почина по компликации од грип.
Во текот на минатата недела пријавено е едно починато лице асоцирано со грип. Се работи за маж на возраст од 62 години од Тетово, кој бил хоспитализиран на инфективното одделение во Клиничка болница Тетово. Мажот не бил вакцинирал против сезонски грип, а кај него било утврдено присуство на коморбидитети.
Вкупно 1 498 новозаразени со грип или заболувања слични на грип се регистрирани во последната недела, односно во периодот од 26 јануари до 1 февруари. Бројот на нови случаи на грип, како што соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), е 12,3 отсто помал во споредба со претходната недела.
Минатиот месец две лица починаа од последици на грип.
Слично
