Тетовец малтретирал жена додека бил во куќен притвор
Н.С.(33) од тетовско Шемшово малтретирал жена додека бил во куќен притвор, објави МВР.
Вчера во полиција го пријавила педесет и седумгодишната тетовка И.Т.К., која рекла дека нејзиниот зет, кој се наоѓал во куќен притвор, агресивно се однесувал кон неа и ѝ се заканувал.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.
Слично
